Уапсен синот на поранешниот киргистански лидер Бакиев

Максим Бакиев, кој во Киргистан е баран за повеќе злосторства, вклучувајќи и проневера на милиони долари од државни фондови, синоќа бил уапсен во Лондон. Тој е син на поранешниот киргистански претседател Курманбек Бакиев, а беше уапсен по барање на Киргистан и американската влада.
Киргистан и Велика Британија немаат договор за екстрадиција,па британските власти, бараат да го предадат Бакиев на американските власти. Бакиев побегна од Киргистан, кога неговиот татко беше соборен од функцијата претседател во април 2010 година. Новите власти во земјата го обвинија за големи измама во вредност од милиони долари. Набргу по падот на Бакиев, Киргистан испрати барање до меѓународната полициска организација Интерпол за неговиот син да биде притворен.