Стејт Департментот со нови обвинувања кон Русија

Американската администрација ja обвини Русија за спроведување на "морално банкротирачка" политика врз Сирија. Стејт департментот соопшти дека Вашингтон е "сериозно загрижен" бидејќи Москва се уште го снабдува режимот на Башар ал-Асад со материјал кој се користи во борбата против бунтовниците.
Реакцијата доаѓа откако Турција нареди сириски патнички авион кој летал на релација Москва-Дамаск да слета во Анкара.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека авионот превезувал муниција и воена опрема за режимот на Асад. Во петокот, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека авионот законски пренесувал руски радарски делови за Сирија.Тензиите меѓу Дамаск и Анкара се зголемени по прекуграничното бомбардирање од страна на Сирија.