13 мртви, 30 ранети во експлозија на бомба во Пакистан

Најмалку тринаесет лица загинале во експлозија на автомобил бомба пред канцелариите на про-владини племенски старешини во северозападниот дел на Пакистан. Официјален претставник на полицијата соопшти дека уште најмалку 30 лица се повредени во нападот во градот Дара Адам во покраината Пактунква.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Претходно пакистански талибански милитанти организираа слични напади во племенскиот регион со цел да ги казнат староседелците за поддршка на безбедносните сили. Градот Дара Адам Кел е познат по својот пазар за продажба на рачно изработени пиштоли изработени од локални занаетчии.