Времето денеска променливо облачно

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди.
Во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во западните и северозападните делови на земјава, а во крајниот југоисточен дел ќе има услови за развој на нестабилна облачност.
Ќе дува и слаб до умерен ветер претежен од јужен правец.
Утринската температура се движи од четири до 13, а дневната од 19 до 26 степени.