Германија не сака да и даде повеќе време на Грција за реформи

Германската Влада го отфрли денеска повикот на Меѓународниот монетарен фонд да и се даде повеќе време на Грција за да стави ред во државните финансии.
„Се договоривме за процедура, која има смисла и кон која ќе се придржуваме, изјави денеска во Берлин портпаролот на канцеларката Ангела Меркел“, Штефен Зајберт.
Коментарот беше даден откако порано денеска германскиот министер за финансии Вофганг Шојбле се спротивстави на извршниот директор на ММФ Кристин Лагард на годишната средба на фондот во Токио.
Лагард изјави дека Атина може да побара уште две години, за да го стави под контрола својот буџет.
Зајберт истакна дека се работи за примена на сегашната програма во предвидената временска рамка.
- Германија го очекува извештајот на експертите од „тројката“ меѓународни кредитори на Грција - ЕУ, ММФ и Европската Централна Банка, во кој ќе биде оценет напредокот на Атина за извршување на економските реформи, додаде Зајберт