В недела парламентарни избори во Црна Гора

Мило Ѓукановиќ

Граѓаните на Црна Гора в недела ќе избираат нов парламент. Изборите се одржуваат половина година пред редовниот термин на иницијатива на владеjачката коалиција предводена од Демократската партија на социјалистите која на овој начин сака да обезбеди уште еден четиригодишен мандат и да ги води преговорите за членство на Црна Гора во ЕУ. Оваа партија, чиј лидер е Мило Ѓукановиќ, е единствената партија на Балканот која победила на сите парламентарни избори од 1990 година, до сега. Според анкетите тоа ќе се потврди и на овие избори.