Арифи: Нобеловата награда за ЕУ импулс за проширувањето

Eврокомесарот за проширување Штефан Фуле се сретна со вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи во Скопје.

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за ЕУ ќе претставува дополнителен импулс за Брисел да биде присутен на Балканот и да го заврши процесот на пристапување на регионот во Унијата, оцени денеска во Скопје вицепремиерката за евроитеграции Теута Арифи, додавајќи: „Со ориентацијата на проширување Европската унија, стана катализатор на процеси и на реформи кај земјите кои имаат голема потреба од тоа“.