Странски воени единици не се разместени на турско-сириската граница.

Генералштабот на турската армија ги демантира информациите во некои медиуми дека специјални единици на странски земји се разместени po должината на турско-сириската граница, објави турскиот сајт Ворлд булетин, повикувајќи се на соопштението на Генералштабот на армијата, објавено на неговиот сајт.
Во соопштението се подвлекува дека ваквите информации се целосно неточни.