МВР со посебни мерки за натпреварот Македонија-Хрватска

Арена Филип Втори

Министерството за внатрешни работи во пресрет на фудбалскиот натпревар меѓу националните селекции на Македонија и Хрватска вечер во 20:30 часот во арената „Филип Втори“ во Скопје, информира дека ќе бидат преземни посебни безбедносни мерки со цел негово непречено организирање и одржување.
Станува збор за третиот меч од квалификациите за наредното светско првенство во Бразил. Хрватска во првиот дуел во Загреб победи со 1:0.
Во другите два натпревара во оваа група се среќаваат Србија- Белгија и Велс-Шкотска. По првите две кола водат Србија, Белгија и Хрватска со по 4 бода, Шкотска има 2, Македонија 1 и Велс е без бодови.