Гласање за доверба на полската влада

Доналд Туск

Полскиот премиер Доналд Туск побара од парламентот денеска да гласа за доверба на неговата влада, за да го „потврди“ својот втор мандат добиен на изборите од пред една година. Убеден сум дека гласањето ќе го потврди мандатот, изјави Туск, кој на власт се наоѓа од 2007 година. Неговата владејачка коалиција има 234 пратеници, само 4 повеќе од апсолутното мнозинство.
Владата во последно време е соочена со се поголемо незадоволство во општеството и со политичката офанзива на ривалската партија предводена од Јарослав Качински.