Ердоган: Авионот пренесуваше воена муниција од Русија

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека сирискиот патнички авион бил принуден да слета во Анкара бидејќи носел воена муниција изработена во Русија за сириската војска. Турските власти го принудија авионот да слета откако добиле информација од разузнавачките служби. Патничкиот авион летал од Москва до Дамаск. По инцидентот руското министертво за надворешни работи побара од Анкара да објасни зошто го задржала авионот. Во соопштението е наведено дека животите и сигурноста на патниците била загрозена со туската акција.
Сириското министертво за надворешни работи соопшти дека Турција спровела „непријателски акт“ со престернивање на авионот.