„Мајки од Сребреница“ со нова тужба против ОН

Претставничките на здружението „Мајки од енклавите Сребреница и Жепа“ во Европскиот суд за човекови права денеска поднесоа тужба против Обединетите нации, кои ги сметаат одговорни за геноцидот над Бошњаците во Сребреница во јули 1995 година. Тие бараат да се донесе праведна пресуда и таа да не биде политичка.
За тужба пред Европскиот суд ова здружение се одлучи откако холандскиот Врховен суд во мај ја одби нивната тужба, поднесена поради, како штро велат војниците од таа земја, а кои биле во составот на УНПРОФОР не презеле ништо за да го заштитат бошњачкото насление од масовните убиства извршени од српските сили.
Холандскиот суд ја отфрли тужбата, повикувајќи се на имунитетот од судски прогон загарантиран за ОН, па така и за војниците кои дејствуваат под знамето на Светската организација.