Сиријски патнички авион принуден да слета во Анкара

Сиријскиот патнички авион под сомневање дека пренесува оружје.

Турски воени авиони принудиле сиријски патнички авион, кој летал од Москва за Дамаск, да слета на аеродромот во Анкара. Причина било сомневањето дека превезува и оружје за сиријската влада. По прегледот на авионот со 27 патници и членови на екипажот, му било дозволено да го продолжи летот, а дел од товарот бил одземен, но не е презцизирано што. По овој потег, Анкара ги предупреди турските авио-компании да го избегнуваат сиријскиот воздушен простор. Москва денеска побара објаснување од Анкара за задржувањето на сиријскиот авион, а Сирија ја обвини турција за воздушно пиратство.