Црна Гора под „длабинско снимање“ за поглавјата 23 и 24,

Црна Гора забележа напредок во спроведување на реформите, но треба да ја зајакне борбата против криминалот и корупцијата. Државата, кога е во прашање владеењето на правото, ќе биде под посебен мониторинг од Брисел до следното лето, се наведува во извештајот на Европската комисија за Црна Гора.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека започнало „длабинско снимање“ на поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на судството и владеењето на правото, односно областите со кои ЕУ ги започна преговорите за членство со Подгорица. Пристапните преговори на Црна Гора со ЕУ официјално се отворени на 29 јуни.