НАТО и САД: Внатрешните напади нема да сменат мисијата во Авганистан

НАТО и САД во заедничка изјава соопштија дека нападите на униформирани Авганистанци врз странските војници нема да ја спречат ИСАФ мисијата да ја спроведе мисијата во Аганистан.
Генералниот секратер на НАТО Андрес фог Расмусен и амеркиснкаиот секретар за одбрана Леон Панета го соопштија ова по завршувањето на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. При нападите годинава загинале околу 50 припадници на ИСАФ мисијата. Нападите предизвикаат пораст на загриженоста кај меѓународната заедница поради намалената доверба меѓу војниците од авганистанските безбедносни сили и припадниците на НАТО силите, со што се намали и јавната поддршка за мисијата. Расмусен ја нарече ситуацијата „вистински предизвик“ и вети дека ќе се сериозно ќе се справи со неа.