Жестока битка во Хомс

Хомс, Сирија

Сириските безбедносни сили спровеле жестока операција во централниот град Хомс , каде што бунтовниците очајно барат хуманитрана помош. Ова го соопштија сириските активистите за човекови права со седиште во Лондон.
Акцијата започнала утринава со што градот Хомс бил целосно опколен од безбедносните сили, при што ситуацијата на бунтовниците била очајно лоша, се наведува во извештајот на новинската агенција Франс прес. Болниците се полни со ранети луѓе на кои им е потребна итна хуманитарна помош.