Шефот на турската дипломатија во Атина

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу денеска во Атина беше примен од грчкиот премиер Андонис Самарас. Ова е прва посета на еден турски официјален претставник од изборот на новата грчка влада во јуни годинава и се очекува да ги поттикне односите меѓу двете земји.