„Тојота“ повлекува над 7 милиони автомобили

„Тојота“ денеска соопшти дека ги повикува сопствениците на околу 7 ипол милиони возила во светот да ги донесат на поправка поради неисправно отворање на прозорците. Дефектот бил утврден на десетина модели, произведени од 2005 до 2010 година. Станува збор за моделите „јарис“, „корола“, „аурис„ и „РАВ 4“.