Осуда за застреланото девојче во Пакистан

Соединетите држави го осудија застрелувањето на пакистанското девојче кое на нејзиниот блог пишувало против злосторствата што ги вршеле талибанците во Пакистан. 14 годишната Малала Јусуфзаи била застрелана во главата додека одела до автобуска станица во северниот дел на Пакистан. Талибанците веднаш ја презедоа одговорноста за нападот. Портпаролот на Стејт департментот Викторија Нуланд изјави дека станува збор за враварски и кукаквички напад. Малала, по извршената операција била во стабилна здарвствена состојба.