Членките на НАТО во Брисел ќе разговараат за Авганистан

Се очекува министрите за одбрана на земјите членки на НАТО денеска да разговараат за Авганистан на вториот ден од дводневната средба во Брисел. Разговорите веројатно ќе се фокусираат на новата мисија на НАТО за обука на авганистанската војска и полиција која ќе почне веднаш по повлекувањето на Алијансата од Авганистан во 2014 година.