Средба Путин - Нури ал Малики во Москва

Ирачкиот премиер Нури ал Малики и неговиот руски колега Дмитри Медведев во Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва ќе се сретне со ирачкиот премиер Нури ал Малики, со што завршува тридневната посета на Малики на Русија. Според предвиденото се очекува разговорите да се фокусираат на зајакнување на билатералните врски. Руските медиуми објавија дека Русија се согласила да му продаде на Ирак оружје во вредност од 4, 2 милијарди долари, вклучувајќи хеликоптери и одбранбени системи од воздушни напади. Интерфакс објави дека двете страни се во преговори за продажба на руски борбени авиони и оклопни возила на ирачката армија. Реагирајќи на извештаите, американскиот Стејт департмент соопшти дека американската воена поддршка на Ирак е „многу широка и многу длабока". Портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд изјави дека американската воена помош на Ирак изнесуваат 12,3 милијарди долари.