САД - Победникот во јадење лебарки починал веднаш по натпреварот

Победникот во јадење лебарки во САД почина веднаш по завршувањето на натпреварот. Едвард Арчибалд бил меѓу 30 натпреварувачи на настанот во Вест Палм Бич во Флорида. Главната награда била змија питон. Сведоците раскажуваат дека Арчибалд колабирал кратко време по завршувањето на натпреварот, а во болница само била констатирана смртта. Аутопсијата треба да ја утврди причината за смртта. Сопственикот на продавницата за влекачи каде што се одржал натпреварот, за весникот Мајами Хералд, изјавил дека во натпреварот биле користени лебарки „какви што луѓето јадат насекаде во светот“ и оти овие биле одгледувани во САД.