Протести во Атина при посетата на Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел ги започна разговорите со грчкиот премиер Андонис Самарас во Атина и покрај насилните протести во земјата.
Полицијата со солзавец се обиде да ги растера демонстрантите кои со камења и молотови коктели фрлале од стотина метри оддалеченост од местото каде што државниците разговараат. Десетици илјади луѓе излeгоа на улиците на најголемите протести во изминативе неколку месеци. Околу 7 илјади полицајци се ангажирани денеска за да спечат насилни и масовни протести на улиците на Атина.