Нобеловецот Јаманака со предупредување до пациентите

Добитникот на годинешната Нобелова награда за медицина Шинија Јаманака ги предупредува пациентите дека треба да внимаат на терапиите со матични клетки кои се почесто се практикуваат во голем број на земји. Тој за новинската генција Ројтерс изјави дека таквиот вид на терапии се уште се недоволно проверени и се спроведуваат без да се направат сите потребни тестирања, со што стануваат многу ризични.
Клиниките во Кина, Мексико, Индија, Турција и Русија честопати ги нудат овие терапии за лечење на болести како дијабетис, мултиплекс склероза, артритиес, Алцхамерова и Паркинсонова болест.
Шинија Јаманака од Јапонија и Џон Гурдон од Велика Британија се добитници на Нобелова награда за медицина за за нивното откритие дека зрели клетки можат да бидат репрограмирани и способни за развивање во сите ткива на телото.