УНИЦЕФ принуден да ја напушти Русија до крајот на 2012

Bertrand Bainvel, UNICEF Representative in Russia.

Русија побара од УНИЦЕФ да ја запре дејноста во земјата до крајот на годинава. Како причина, руското министерство за надворешни работи ја наведе растечката економска и донаторска моќ која дозволува земјата сама да си финансира свои проекти.
УНИЦЕФ е присутен во Русија од 1997 и експерти сметаат дека заминувањето ке има силно влијание врз состојбата на децата.
Пред извесно време и УСАИД ја напушти Русија по обвинувањата на Москва дека се меша во руската политика.