Забранети протести во Атина за време на посетата на Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе ја посети Грција . Ова е нејзина прва посета на Грција по почетокот на должничката криза во таа држава.
Во Атина Меркел ќе се сретне со претседателот Каролос Папуљас и со премиерот Андонис Самарас.
Полицијата во Атина ги забрани сите демонстрации во центарот на градот закажани за време на денешната шест часовна посета на германската канцеларка Ангела Меркел.
Во најголемата безбедносна операција што ќе се спроведе во грчкиот главен град по посетата на американскиот претседател Бил Клинтон во 1999 година, ќе учествуваат повеќе од 6.000 полицајци чија должност ќе биде да се одржи редот и мирот за време на посетата на Меркел.