Франсоа Оланд денеска ќе има средба со Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун кој е во посета на Франција каде денеска ќе се сретне со претседателот Франсоа Оланд оцени во понеделникот во Советот на Европа дека е исклучително опасна ескалацијата на граничниот судир на Сирија и Турција.Ситуацијата во Сирија драматично се влошува.Тоа е сериозен ризик за стабилноста на соседот на Сирија и за целиот регион рече Бан Ки Мун во Советот на Европа во Стразбур на отворањето на првиот Светски Форум на демократијата, на кој имаше над илјада политичари,стручњаци и активисти.