Изложба Словенски ракописи од Македонија од 13 -19 век во Белгија

Изложба „Словенски ракописи од Македонија од 13-19 век“ во Белгија
Дел од книжното културно наследство настаното и пронајдено во Република Македонија, од денеска до 21 октомври ќе биде изложено во Кралскиот Музеј Мариемон во Брисел, Белгија. Изложбата „Словенски ракописи од Македонија од 13-19 век“ предвидено е да ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска. Овој проект, има цел да се прикаже илјадагодишната писмена традиција во Македонија преку ракописното книжно културно наследство, а го реализира НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје во соработка Кралскиот Музеј Мариемон, познат по изложувањето на оригинално книжно наследство.