Турско- сириските тензии се заоструваат

Турските власти соопштија дека денеска војската отворила оган во пограничната област како одговор на нападот на Сирија. Ова е шести ден по ред како туркста војска возвраќа на напади кои се случуваат во пограничната област, каде што сириските владини сили се борат против бунтовниците. Турците го зголемија присуството на војската долж 900 километарската граница со Сирија.При првиот напад загинаа 5 цивили во турскиот град Акчакале.