Студентски протести поради студентски избори во Скопје

Минатите студентски избори во Македонија

Група студенти денеска протестираа пред Студентскиот Парламент поради мешањето на полтиката во студентските избори.
Тие велат дека канидатот кој ја има вистинската поддршка од студентите, е избришан од списокот а наместо него се канидираат луѓе кои се политички поддржани.
Претседателот на Студентскиот парламент Иван Живковски демантираше тврдејќи дека кандидатот за кој зборуваат демонстраните сам си ја повлекол кандидатурата бидејќи сметал дека не исполнувал услови.
Студентите побара одговорност од досегашниот лидер за политизацијата и монополизирањето на Студенсткиот парламент. На тоа Живкосвки ги обвини демонстрантите дека се партиски обоени.
Во среда студентите ќе бираат претседател на студентскиот Парламент. Во трка за тоа место се Кирил Спироски од Правниот факултет Јустинијан Први, Шевал Нуредин од Економскиот и Трајче Митрев од Стоматолошкиот факултет. Тие ветуваат дека доколку победат ќе се изборат за ваучери за компјутери, карттички за попуст и бесплатен превоз од домовите на студентите до факултетите.