Осуден на 7 години опозициски лидер во Казахстан

Владимир Козлов

Казахстанскиот опозициски лидер Владимир Козлов е осуден на 7,5 години казна затвор. Опозициските активисти Серик Сашаргали и Азханат Аминов добија 4 и 3 годишни казни затвор. Тие се обвинети за формирање и водење на нелегална група која потикнувала социјална омраза и повикувала на насилно уривање на уставниот поредок на Казахстан. Обвиненијата беа поврзани со масовните насилни протести кои настанаа во западниот дел на земјата во декември 2011 година. При тие протести загинаа 17 луѓе. Козлов смета дека случајот против него е политички мотивиран.