Експлозија во Авганистан, 2 разузнавачи загинале

Најмалку двајца авганистански разузнувачи загинаа денеска при експлозија на бомба во провинцијата Хелманд. Портпаролот на полицијата Фаред Ахмед соопшти дека бомбата била поставена во паркирано возило пред зградата на Националната дирекција за безбедност во градот Лашкар Гах. При експлозијата на бомбата биле ранети тројца други разузнувачи и четворица цивили.