Што со коалицијата по интерпелацијата?

Премиерот Никола Груевски на собраниската седница на која се гласаше за доверба на Владата.

Останува неизвесно какви ќе бидат односите меѓу коалиционите партнери откако пратениците не и изгласаа недоверба на Владата и дали ќе бидат надминати актуелните несогласувања меѓу нив.
За јавноста останува неизвесно какви ќе бидат односите меѓу коалиционите партнери откако пратениците и изгласаа доверба на Владата и дали ќе бидат надминати актуелните несогласувања меѓу нив. Дали ќе биде најден компромис за законот за бранители или за поставените табли со нови имиња на училиштата во Чаир? Граѓаните не веруваат дека актуелните проблеми меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ќе бидат решени. Повеќето од нив веруваат дека сепак предвремени избори ќе има.
Мора да се сложат, мора да бидат заедно, ако сакаат да владеат, ако не народот ќе ги симне, се е по заслуга.
Анкетиран граѓанин.

„Мора да се сложат, мора да бидат заедно, ако сакаат да владеат, ако не, народот ќе ги симне, се е по заслуга“.

„Не ми се верува дека ќе се реши, мора да има избори, затоа што ДУИ не сака никако да попушти за бранителите“.

„Мора да попуштат, ако не се реши, ќе одат на избори.“
Мислам дека овие прашања нема да се решат во блиска иднина, наместо да се разреши кризата која постои во моментот во Владата, мислам дека истата политичките партии ќе се обидат да ја потиснат и таквите прашања да останат подлабоко закопани во овој период, без да има конкретно решение.
Владимир Мисев, Институтот за демократија.

За некои од анкетираните, пак, целата оваа криза во владината коалиција е лажна. Уверени се дека несогласувања меѓу нив нема и дека во нивен интерес е да ги одржат министерските фотелји.

„На нив им е супер и на едните и на другите, на нас не ни е“.

„Може сето тоа да е за поени, а потоа заедно ќе пијат кафе и ќе се смират.“

И за политичките аналитичари, сета политичка криза која заврши со гласање за доверба на Владата била во функција на зголемување на партиските рејтинзи пред локалните избори.

Истражувањата на Институтот за демократија покажале дека постои јасна етничка поделеност по однос на перцепцијата на граѓаните за решавање на правата за борците од конфликтот.

„Мислам дека овие прашања нема да се решат во блиска иднина. Наместо да се разреши кризата која постои во моментот во Владата, мислам дека истата политичките партии ќе се обидат да ја потиснат и таквите прашања да останат подлабоко закопани во овој период, без да има конкретно решение“, изјави Владимир Мисев од Институтот за демократија.

Тој додава дека во моментот најважно е решенијата на проблемите да се бара во рамките на институциите.

Професор Сељам Усеини од Тетовскиот универзитет, пак, е уверен дека владините партнери глумат недоразбирања и разидувања во однос на одредени прашања. Играњето на националистичка карта пред изборите има за цел да го зголеми нивниот рејтинг.

„Убеден сум дека нема ништо да се промени. Ќе се продолжи се додека не одлучат да има избори. Ако не бидат во март како што најавуваа, а сега тоа го заташкаа, тогаш кога ќе им одговара ќе се спуштат на тие разлики“, вели Усеини.

Убеден е дека политичка криза нема да има, а локалните избори ќе бидат јасен сигнал за партиските рејтинзи и моќта на политичките субјекти во државата.