Достапни линкови

Политички тензии за предвремени избори


Ќе ја преживее ли оваа влада интерпелацијата?
Ќе ја преживее ли оваа влада интерпелацијата?

Вжештената политичка атмосфера која деновиве ја живееме, за политичките аналитичари е знак дека власта веќе подолго време се подготвува за избори.

Вжештената политичка атмосфера која деновиве ја живееме, за политичките аналитичари е знак дека власта веќе подолго време се подготвува за избори. Иако изборите не се најсреќното решение во овој период, аналитичарите велат дека политичките актери не прават ништо за да се решат актуелните проблеми и да се избегнат можни предвремени соочувања.
Ако ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ гласаат за интерпелацијата, тоа значи дека го копаат сопствениот гроб, тоа значи дека ги прифаќаат сите оценки на опозицијата, таква глупост е невозможна.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

„Ако ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ гласаат за интерпелацијата, тоа значи дека го копаат сопствениот гроб, тоа значи дека ги прифаќаат сите оценки на опозицијата, таква глупост е невозможна“, вели професор Алајдин Демири.

Изборите би биле лошо сценарио, зашто пад на една влада поради етнички прашања би можело да создаде меѓуетнички тензии, предупредува професор Здравко Савески.

„Опозицијата во својот легитимен обид да дојде на власт треба да има предвид да не ги влоши дополнително меѓуетничките односи.“
Претседателот на државата треба да ги свика во ваква ситуација лидерите на партиите, да се седне и да се расправа. Самото несвикување ја поткрепува оваа теза дека целата оваа владина криза е фактички фингирана со цел и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ врз основа на разбудениот национализам да стекнат поголема поддршка кај своите електорати.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Тоа што ниту еден политички субјект не прави обид да ги седне политичките актери на една маса за да се дојде до компромис, само потврдува дека во Македонија веќе долго време функционира принципот уништување на различното.

Политичкото делување само ја продолжува таквата тенденција, вели професорот Демири.

„Државата се влече во неизвесност, а многу едноставно може да се реши тоа ако има политичка волја за договарање и за правење заедничка држава.“

Според Савески, отсуството на заинтересираност и јасна волја кај политичките субјекти да најдат решение за можните несогласувања упатува на фактот дека политичката криза во земјава е вештачка.

„Претседателот на државата треба да ги свика во ваква ситуација лидерите на партиите, да се седне и да се расправа. Самото несвикување ја поткрепува оваа теза дека целата оваа владина криза е фактички фингирана со цел и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ врз основа на разбудениот национализам да стекнат поголема поддршка кај своите електорати.“

Во петок на полноќ е крајниот рок кога ќе се знае дали до крајот на годината ќе има предвремени избори, како што неодамна почна да се шпекулира.

Во јавноста се зборува дека најверојатно ДУИ ќе гласа за поддршка на кабинетот на Груевски, ако СДСМ бара доверба на Владата, но дека не знаат како би реагирале ако тоа лично го побара премиерот.

Очекувано е партијата на Мехндух Тачи, како опозиција, да даде поддршка владата на Груевски да падне.

Според Уставот и Деловникот, ако не се изгласа доверба на Владата се известува шефот на државата, кој треба да одреди нов мандатар и почнува процедурата за избор на нова влада, т.е. за формирање ново владејачко мнозинство. Ако пак му биде дадена поддршка на Груевски, ново прашање за доверба во работата на неговиот кабинет не може да се поднесе во наредните три месеци.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG