Кинеските телекомуникациски компании се занимаваат и со разузнавање?

Комитетот за разузнавање на американскиот Претставнички дом, во денеска објавениот извештај, ги предупредува американските компании да го избегнуваат бизнисот со двете водечки кинески технолошки компании. Според овој комитет, фирмите Хуавеи и ЗТЕ се закана за националната безбедност на САД и оти и помагаат на Кина да дојде до чувствителни информации. Шефот на Хуавеи во САД ги демантира ваквите тврдења, наведувајки дека станува збор за фирма со глобална доверба и респект.