Иванишвили треба да гo соопшти новиот владин кабинет во Грузија

Лидерот на партијата Грузиски сон и веројатно нов премиер на Грузија Бидзина Иванишвили.

Лидерот на партијата Грузиски сон и веројатно нов премиер на Грузија Бидзина Иванишвили денеска треба да ги соопшти членовите на неговиот владин кабинет. Иванишвили е најбогатиот човек во Грузија, но е релативно неискусен во политиката. Неговата коалиција освои 83 од 150 пратенички места на минатонеделните избори во земјата.

Со тоа, Обединетото национално движење на претседателот Михаил Саакашвили, кое беше на власт во изминативе осум години се сели во опозиција. Изборните власти сè уште не ги објавиле конечните резултати затоа што има жалби за нерегуларности за време на гласањето.

Иванишвили изјави дека сака да ги подобри односите на Грузија со соседна Русија, но во исто време се залага за зачленување на земјата во ЕУ и во НАТО.