Презентирана новата влада во Либија

Новиот либиски премиер

Либискиот премиер Мустафа Абу Шагур именуваше нова влада со 10 министри вклучувајќи ги и министрите за одбрана , правда и внатрешни работи. Тој денеска го презентираше новиот владин кабинет пред Националниот конгрес во Либија, јавува новинската агенција Ројтерс. Ова е втора листа на министри која ја презентира, откако поради протести беше принуден да го повлече првиот владин список.