Турција бомбардираше курдски цели во северен Ирак

Турски воени авиони бомбардирале синоќа позиции на бунтовниците на Курдската работничка партија во северен Ирак. Турските авиони навлегле во ирачкиот воздушен простор и бомбардирале кампови на милитантите во околината на Хакурк во тромеѓето меѓу Турција, Ирак и Иран.
Претходно турските военовоздухопловни сили соопштија дека бомбадирале позиции на курдските бунтовници во планината Кандил во северен Ирак.