Пазарот со девизи во Техеран повторно отворен

Големиот пазар во Техеран повторно е отворен откако пред неколку дена имаше судири меѓу полицијата и трговците со девизи поради падот на вредноста на валутата – риал. Повторното отварање доаѓа откако преседателот Махмуд Ахмадинеџад се обиде да ги охрабри трговците со девизи да наметнат посилен девизен курс. Валутата во вторникот го достигна најниското ниво во однос на доларот, ден пред полицијата да упадне на пазарот апсејќи ги трговците со девизи под обвинение дека тие се виновни за намалувањето на вредноста на валутата. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека Иран се соочува со девалвација поради санциите на западот за котроверзната нуклеарна програма.