Грузиски сон може да добие 90 места во Парламентот

Поддржувачи на Грузиски сон

Грузиската изборна комисија соопшти дека „Грузискиот сон“ според досегашните изборни резултати освои 83 од 150- те пратенички места по минатонеделните избори. Досегашната владеачка партија на преседателот Михаил Сакашвили, која беше доминантна во парламентот во изминативе 8 години, освои 67 места. Комисијата соопшти дека конечните резултати ќе бидат соопштени откако ќе бидат разгледни жалбите и поплаките кои се однесуваат на избирачкиот процес. Доколку поминат во судот забелешките на „Грузискиот Сон,“ коалицијата може да добие уште 7 пратеници со што бројот на пратенички места би изнесувал 90. Во следниов период коалицијата да го номинира милијардерот Бидзина Иванишвили за канидадат за премиер кој ќе ја има најголемата политичка моќ во државата откако следната година ќе стапат во сила уставните измени.