Чавез бара 4 -ти мандат на изборите во Венецуела

Венецуелците денеска ќе излезат на избори да одлучат дали Хуго Чавез треба да добие и 4-ти претседателски мандат. Тој е на претседателската фотелја од 1999 година и се соочува со можност да биде сменет од неговиот против кандидат Хенрике Каприлес.
Според предизборните анкети, Чавез е во предност, но опозицијата твдри дека нивниот кандидат има реални шанси да победи на изборите. Чавез е сојузник со руската, белоруската и иранската влада, и е на власт подолго од кој било претседател во Латинска Америка. Организациите за заштита на човекови права често пати го критикуваат за коритење на репресивни мерки за време на неговото владење.