Експлозија на грчки брод во Егејско Море

Најмалку едно лице загина, а седум се ранети при вчерашната експлозија на грчки туристички брод „Ева“ во Егејското Море. Грчката крајбрежана стража соопшти дека на бродот имало 28 туристи , а во несреќата загинал капетанот на бродот. Грчките власти сметаат дека не станува збор за терористички напад туку дека експлозијата избувнала во обид на туристите да запалат петарди.