Помалку пари за добитниците на Нобеловата награда

Церемонија за доделување на Нобеловата награда во 2010 година во Стокхолм.

Се намалува паричната награда за добитниците на Нобеловата награда. Нобеловиот комитет соопшти дека наградата за добитниците се намалува до 10 на 8 милиони шведски круни, односно од околу 1,5 милиони на околу 1,2 милиони долари, за да се обезбеди да има пари за награди и за наредните години.