Иранците ги чувствуваат ефектите од меѓународните санкции

Продавница во Иран во 2009 година.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун вели дека обичните Иранци ги чувствуваат ефектите од меѓународните санкции и ги посочи растечката инфлација, невработеноста или недостигот од лекови. Во извештајот до Генералното собрание на ОН, тој вели дека и хуманитарните операции во Иран се попречени поради меѓународните санкции.

Иран е под санкции од ОН, САД и ЕУ поради тоа што одбива да го запре процесот на збогатување ураниум од што потоа може да се направи атомска бомба, но Иран негира дека се обидува да направи нуклеарно оружје.