Панета бара од Карзаи да покаже благодарност

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета побара од авганистанскиот претседател Хамид Карзаи да престане со критиките и наместо тоа да покаже малку благодарност за напорите на странските сили кои се борат против талибанците во Авганистан. Карзаи деновиве рече дека странските војници не успеваат да се справат со талибанците. Тензиите меѓу Соединетите држави и Авганистан се влошија по бранот напади на припадници на авганистанските безбедносни сили врз странски војници.