Се намалува стапката на невработеност во САД

Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека стапката на невработеност во САД во септември е на најниско ниво од јануари 2009-та. Тоа е доказ дека земјата оди напред и не е време за враќање назад, изјави Обама на предизборен собир во Вирџинија. Намалувањето на стапката на невработеност во САД се очекува да го подобри рејтингот на Обама кој беше разнишан по првиот телевизиски дуел со неговиот против кандидат на претседателските избори, Мит Ромни.