Масовни протести и контра-протести во Аман

Илјадници Јорданци демонстрираа денеска во главниот град Аман, барајки политички реформи. Според агенциите, станува збор за најголеми демонстрации од арапската пролет. Демонстрантите, предводени од Муслиманското братство, бараат уставни промени според кои премиерот на државата треба да биде избиран, а не наименуван од кралот. Во исто време во Аман се одржуваа и контра-протести, поради што беа распоредени големи полициски сили.