Собранието ја почна седницата за гласање доверба на Владата

Собранието на Македонија ја почна седницата на која ќе се расправа и ќе се гласа за доверба на Владата, по барање на опозициската СДСМ.
Според постигнатиот договор, на почетокот на седницата координаторот на пратениците на СДСМ Игор Ивановски ќе има 30-минутно образложение на барањето за гласање доверба на Владата. На неговото образложение не се предвидени реплики.
Потоа ќе дискутираат пратениците, наизменично еден од опозицијата, па еден од владејачкото мнозинство. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 15 минути.
На крајот од расправата, предвидено за 23:20 часот, пред пратениците ќе се обрати премиерот Никола Груевски, по што ќе се гласа за доверба на Владата.
Барањето за гласање доверба на Владата го поднесе опозицијата поради, како што образложија, „двомесечната фингирана конфронтација меѓу владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со која се загрозуваат меѓуетничките односи и интеграциите на земјата“