Снајпер од Путин за Рахмон

Душанбе, 05.10.2012

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му подарил снајперска пушка на претседателот на Таџикистан Емомали Рахмон за неговиот 60-ти роденден. Двајцата претседатели се состанаа денеска во Душанбе на разговори за билатерални прашања, вклучувајки ја и трговската и енергетската соработка. Една од главните теми е и руската воена база во Таџикистан, за која Русија досега не плаќаше надомест.