Во Будимпешта конференција за сајбер криминал

Во Будимпешта се одржува дводневна конференција за компјутерскиот криминал на која се расправа за поблиска практична соработка меѓу приватниот сектор и владите, како и меѓу регионалните организации. Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг вчера на конференцијата оцени дека сајбер просторот може да биде нова димензија на конфликтите во иднина. Многу држави сеуште немаат ни ресурси, ни одбрана против државно спонзорирани сајбер напади. Инаку, на конференцијата учествуваат околу 600 претставници на влади, на приватниот и граѓанскиот сектор.